Роналд Куман веќе е поранешен тренер на Барселона, а раководството на клубот има јасна визија за тоа кој треба да го наследи и биде долгорочно решение.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Барса веќе одлучила за привремениот и иден тренер на клубот, а тоа се имиња кои имаат долга историја во каталонскиот великан.
Привремена замена за Куман ќе биде поранешниот лев бек, Серхи Бархуан, кој како тренер на Б тимот е на располагање на клубот и најдобр решение за да ја води екипата веќе од денеска.
Серхи ќе го замени вториот со првиот тим се додека Барселона не го добие потписот на Чави Ернандес, легендата на овој клуб, кој има целосен договор со своите идни претпоставени, но ќе му треба време за преговорите околу раскинувањето на договорот со катарски Ал Сад.
Изминатиов период се споменуваа и други имиња како Роберто Мартинез и Марсело Галјардо, но се чини дека Барселона овој пат ќе инсистира на долгорочно решение во кое има најмногу доверба и кое има голема поддршка од фановите.