Актуелниот португалски шампион, Порто и официјално потврди дека нивниот голман Икер Касиљас доживеал срцев удар на денешниот утрински тренинг.
Клубот од Лисабон посочи дека ветеранот веднаш бил пренесен во болница, но и воедно соопшти позитивини информации околу неговата здравствена ситуација. Имено Шпанецот е надвор од животна опасност, стабилен е и е решен проблемот со срцето.
Воедно Порто преку социјалните мрежи испрати и јасна порака за својот голман.
-Секогаш заедно. Форца Икер, -се вели во пораката на „Твитер“.
Ова секако е добра вест, ама останува прашањето дали легендата воопшто ќе може да се врати на терените или предвреме ќе мора да и стави крај на импресивната кариера.
Sempre Juntos!
Força Iker! ??⚪#FCPorto #IkerCasillas pic.twitter.com/EiUhdltbIO— FC Porto (@FCPorto) May 1, 2019