Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја ужива поддршката на раководството на клубот и покрај лошиот старт во Премиер лигата.
Манчестер по три рунди има два пораза и тоа е најлош почеток за тимот од „Олд Трафорд“ уште од сезоната 1992/93.
Сепак, управата на Јунајтед верува во португалскиот стручњак и очекува подобри резултати на следните натпревари.
Мурињо доби поддршка од раководството и пред дуелот со Тотенхем кој Манчестер го загуби со убедливи 0:3.
Следен противник на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата е тимот на Барнли.