Капитенот Горан Пандев се збогува од репрезентацијата на Македонија на натпреварот против Холандија (18.00 часот), во последното, 3. коло од групата Ц на ЕУРО 2020, а неговите соиграчи му подготвија карактеристично збогување.
На последниот тренинг на легендарниот напаѓач пред мечот со „лалињата“, Македонците решија да играат – „заушки“.
Иако ги загубија сите шанси за пласман на ЕУРО 2020, тие беа добро расположени, а странските агенции го опишаа видеото со зборовите „бизарна игра на шамари на тренинг на Македонците“.
Тоа е, барем во нашата област, популарна игра, која ние ја нарекуваме „заушки“.
Еден од главните актери во „насмеаната толпа“ беше 38-годишниот Пандев, чиј настап против Холандија ќе биде 122 и последен во репрезентацијата на Македонија.
Легендарниот голгетер и поранешен напаѓач на Лацио, Интер, Наполи, Џенова, ќе ја заврши репрезентативната кариера, која траеше цели 20 години и беше крунисана со првото учество на Македонија на Европското првенство.
Погледнете го последниот тренинг на Горан Пандев за македонската репрезентацијата.