вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Постигна гол на Енфилд, соопшти тажна вест за неговото семејство и прсна во солзи

Постигна гол на Енфилд, соопшти тажна вест за неговото семејство и прсна во солзи

Ливерпул вчера на „Енфилд“ успеа да го растури Борнмаут со 9:0.

Ова за „црвените“ оваа сезона беше прва победа и таа дојде дури во четвртото коло од новата сезона, но вчера покажаа дека се уште не треба никој да ги отпише.

Во голеадата вчера на Енфилд, погоди и младиот Харви Елиот, кој по натпреварот во изјава емотивно се обрати и соопшти тажна вест.

Тој голот го посвети на неговата баба која починала пред неколку денови, па за време на давањето на изјавата, тој прсна во солзи пред камерите.

„Ова е посебен гол за мене, мојата баба почина пред неколку дена и овој гол е во нејзина чест“, порача Харви.