Некогаш овој европски шампион беше голем талент, а своевремено беше платен дури 41 милион евра. Бенфика во последните моменти успеа да го победи тимот на Визела со 2:1. Стрелец на победничкиот гол во 101. минута беше Жоао Марио од пенал.
Пред изведувањето на пеналот имаше многу полемики околу одлуката на судијата, но поранешниот играч на Интер ја презеде одговорноста и успешно постигна гол.
Марио потоа почна да се радува заедно со соиграчите и навивачите, но не беше свесен за глупоста што ја направи додека славеше.
Имено, тој го соблече дресот и го фрли. Неконтролираниот адреналин тогаш му донесе голем проблем.
„Веќе имаш жолт картон“, му довикува еден соиграч, по што Марио со неверување почна да се фаќа за глава.
Во таа прилика, португалскиот играч за врска изговори и неколку пцовки. Набргу потоа, судијата му пријде, ги почитуваше правилата и му додели црвен картон. Сега се соочува со суспензија од еден меч.
По натпреварот, тој призна дека целосно заборавил дека имал жолт картон, што доволно говори за неговата неконцентрираност.
pic.twitter.com/TaCKSBS0l2
Nem quis ver este penalty, só agora é que vi para onde a bola foi, a emoção era muita.— M10 (@M10infos) September 2, 2022