Веста дека Роман Абрамович ќе го продава фудбалскиот клуб Челси, за сума не помала од три милијарди фунти, поради притисокот од англиските власти поради руската инвазија врз Украина, донесе илјадници понуди на маса од клубови ширум светот за нивно купување од страна на богатиот Русин.
Една од најоргиналните и секако најинтересни за луѓето од регионот е понудата од српскиот нисколигаш Петка, кој на Абрамович му понуди половина од акциите, но без право на одлучување. Со напомена, дека финализирањето на договорот ќе се случи во кафеана.
„Мил Роман, поради новонастанатата ситуација и вашта одлука да го продадете Челси, сочувствуваме со вашите емоции и тешко го поднесуваме вашето страдање. Поради тоа, сакаме да ви направиме услуга и да ви понудиме 49-отсто од акциите на нашиот клуб. Ве покануваме да присуствувате на пријателскиот меч против незгодниот тим на Чибутковци, а за потоа е планиран состанокот кафеана, која се наоѓа во нашиот ‘Дом’“, е само дел од соопштението кое се рашири во целиот свет.