Во краток временски интервал, Жоан Лапорта излезе со две видео пораки и побара од навивачите на Барселона да имаат трпение во ситуација кога клубот се наоѓа во тешка ситуација, но побара и максимална поддршка за тимот кој загуби од Баерн и одигра нерешено против Гранада.
Претседателот на каталонскиот гигант се јави си видео обраќања по споменатите два меча, но за разлика од него, доста поконкретен во објаснувањата беше потпретеседателот на клубот кој направи ексклузивно интервју за „Спорт“.
Едуард Ромеу како потпретседател на Барса кој е задолжен за сите сложени економски работи во клубот, открива дека ситуацијата е навистина критична во овој момент и порача дека фановите ќе мора да се стрпат уште две години, пред да видат подобри денови во секој фудбалски поглед.
– Бараме од навивачите да имаат трпение во наредните две години. Јас го барам тоа од луѓето, ќе ни биде потребен тој период за да се вратиме на вистински пат. Барам фановите да бидат мирни и да бидат трпеливи. Знам дека тоа не е лесно за нив после сето она што го освоивме во изминатиот период, но тоа е нашата реалност во моментов, вели Ромеу.