понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поведена кривична постапка против Инфантино

Поведена кривична постапка против Инфантино

Швајцарскиот специјален обвинител поведе кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавуваат светските медиуми.

Според бројните светски медиуми, вклучително и „Дојче веле“ и „Бличер репорт“, покренати се кривични постапки против претседателот на Светската фудбалска централа.

Специјалниот швајцарски обвинител иницирал кривична постапка во рамките на истрагата за средбата меѓу Џани Инфантино и генералниот обвинител на Швајцарија, Мајкл Лаубер, кој веќе понуди оставка.

Инфантино беше избран за претседател на ФИФА во 2016 година, а претходно беше секретар на УЕФА од 2009 година. (МИА)