Пристигнувањето на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ е сериозно засилување за францускиот клуб, кој има уште еден проактивен преоден рок, градејќи тим со кој очекува конечно да стигне и до првиот трофеј во Лигата на шампионите.
Парижаните и досега имаа квалитетни опции меѓу стативите, пред се во Кејлор Навас, но фактот што Донарума можеше да пристигне без отштета и важи за еден од најдобрите голмани во светот, не ги остави рамнодушни одговорните за ростерот во ПСЖ.
Она што сигурно е куриозитет и уникатна ситуација е фактот што ПСЖ во моментов има регистрирано дури осум голмани во својот сениорски тим.
Како што потврдува и официјалната интернет страница на францускиот вицепрвак, покрај Донарума и Навас, ги има и квалитетните и веќе потврдени Алфонс Ареола и Серхио Рико, Полјакот Марсин Булка,вториот италијански голман Денис Франки, како и Французите Александр Летеје и Гарисон Иносан.
За споредба, ПСЖ има шест напаѓачи, од кои Моисе Кеан е само позајмен од Евертон, па официјални членови се Мбапе, Нејмар, Икарди и уште двајца 19-годишни Французи.
Злобниците би рекле, уште тројца и ПСЖ ќе може да пријави екипа составена само од голмани.