Новите сопственици на Њукасл му пресудија на досегашниот тренер на клубот, Стив Брус поради слабиот старт на сезоната и 19-тата позиција на табелата. Веќе била донесена одлука тој да биде сменет, а ќе му биде исплатена отштета од 8 милиони фунти.
Прво име кое се споменува за клубата на новите богаташи е Антонио Конте. Некогашниот шеф на стручниот штаб на Јувентус, Челзи, Интер и италијанската репрезентација е слободен откако го напушти Интер по освоената титула минатата сезона. Од Милано замина поради финансиската несигурност, што во Њукасл сигурно нема да биде случај.
Големи шанси англиските медиуми му даваат и на Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Белгија, кој порано работеше во Евертон, а меѓу кандидатете наводно е Стивен Џерард, кој е на клупата на Ренџерс, Брендан Роџерс кој е шеф во Лестер, поранешниот тренер на Бурнмаут Еди Хоув, легендата на Челзи, Франк Лапард, но во моментов најизвесни се други две имиња.
Првото е Пауло Фонсека, поранешниот тренер на Шахтјор и Рома, кој беше блиску до клупата на Тотенхем, додека втората опција е Греем Потер, тренерот на Брајтон.
Ова воедно е биде прв чекор кон креаирање тим кој во наредните години би требало да влезе во трка за титулата во Англија и во Лигата на шампионите.