Шпански АС објави дека сигурно во летниот преоден рок Енис Барди ќе го напушти Леванте. Но неговата следна дестинација не е позната. Прво се појави Валенсија која сака да го ангажира, но најновите информации велат дека за неговите услуги постои интерес и од Алмерија.
Овој тим се врати во шпанската Ла Лига, па сигурно ќе и треба засилен состав, а еден од оние кои би требало да го кренат нивото на играта на овој тим е Енис Барди, барем така смета раководството на тимот. Наводно Леванте нема проблем Барди да замине, но сепак нема да го пушти под 10 милиони евра.