Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси дефинитивно нема да ја носи својата „десетка“ на грбот во ПСЖ, со оглед што таа му припаѓа на неговиот голем пријател Нејмар.
Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ објави ексклузивни фотографии од Меси на стадионот „Парк на принцовите“ како позира до дресот со број 30 на кој е испишано неговото име.
Ова беше најавено уште пред неколку дена, но постоеше пречка од француската федерација, со оглед што во Лига 1 овој број го носат само голманите. Но, Меси е преголемо име, поради што доби посебна дозвола да го носи на грбот иако не е чувар на мрежата.