На една година до почетокот на Светското фудбалско првенство во фудбал кое ќе се одржи во Катар, полека се комплетира листата на селекции кои ќе учествуваат на завршниот турнир.
На први април 2022 година, ден по конгресот на ФИФА, закажан за 31 март во Доха, ќе биде извршена ждрепката за групната фаза на Светското првенество.
Мерило во кој шешир ќе се најдат учесниците на Мундијалот пред ждрепката ќе биде рангирањето на репрезентациите на ФИФА листата.
Во моментот на ждрепката нема да бидат познати сите 32 земји учеснички, бидејќи последните две репрезентации пласманот на завршниот турнир во Катар ќе го обезбедат по интерконтиненталните плеј-оф натпревари.
Сигурен пласман на Мундијалот, кој ќе се одржи идната година од 21 ноември до 19 декември,засега обезбедија Данска, Германија и домаќинот Катар.