петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат фудбалер ќе биде уапсен поради прекршување на условна казна

Познат фудбалер ќе биде уапсен поради прекршување на условна казна

Поранешниот фудбалер Даниел Стариџ (34) не се појавил на суд во Лос Анџелес, откако избегнал да му плати пари на човекот кој го пронашол неговото украдено куче. Според англиските медиуми, по поранешната ѕвезда на Ливерпул и Челзи е распишана потерница.

Во јули 2019 година, откако беше провален неговиот стан, Стариџ понуди награда за враќањето на кучето Лусио, но се чини дека тој никогаш не го одржа зборот.

Американскиот рапер Фостер Вашингтон тврди дека го нашол кучето и му го вратил на сопственикот, но фудбалерот не ја дал ветената награда. Бидејќи не ги добил парите, раперот решил да го тужи поранешниот напаѓач и преку суд да го добие тоа што му следува.

Во декември 2021 година, судот во Лос Анџелес му нареди на Стариџ да му плати на раперот 30.000 долари, но фудбалерот не одговори на оваа тужба, пишува англиски „Дејли мејл“.