вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат фудбалскиот клуб за кој ќе игра Болт

Познат фудбалскиот клуб за кој ќе игра Болт

Светскиот рекордер во спринт Усеин Болт само шест месеци откако се збогуваше со атлетиката, ќе започне фудбалска кариера во јужноафриканската екипа Мамелоди, соопшти клубот.

Спортистот од Јамајка вчера откри дека името на клубот ќе биде познато денес и се покажа дека се работи за лидерот на Јужноафриканското првенство.

Освојувачот на осум златни медали на Олимписките игри, претходно изјави дека имал 12 понуди од клубови, а помина и обука минатата година во Борусија од Дортмунд.

Своите услуги 31-годишниот Болт исто така ги понуди на Манчестер Јунајтед чиј голем навивач е, како и на новиот клуб на Дејвид Бекам – Мајами.