четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат идентитетот на фудбалерот на Евертон осомничен за педофилија, ги избришал профилите на социјалните мрежи

Познат идентитетот на фудбалерот на Евертон осомничен за педофилија, ги избришал профилите на социјалните мрежи

Скандалот со фудбалерот на Евертон кој е приведен во петокот поради сомнение за педофилија, доби продолжение.

Откако утринава медиумите од Англија објавија дека фудбалер на Евертон завршил во полициска станица и отворена е официјална истрага за педофилија, веќе неофицијално е познат и неговиот идентитет.

Станува збор за Гилфи Сигурдсон, 31 годишниот фудбалер веќе ги избришал своите профили на социјалните мрежи а истото го направила и неговата сопруга.

Евертон потврди дека еден нивен првотимец е суспендиран и дека соработува со полицијата во Ливерпул.