среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат составот со кој Македонија ќе им се спротивстави на Ерменците

Познат составот со кој Македонија ќе им се спротивстави на Ерменците

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги одреди 11-мината за почетниот состав на вечерашниот дуел со Ерменија.

Милевски се одлучи за офанзивна варијанта со Адис Јаховиќ на „најистурената“ позиција. Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Елиф Елмас е тројката која заедно со „шпицот“ ќе бидат директна закана за ерменскиот голман. Поддршка од средниот ред ќе даваат Тихомир Костадинов и Енис Барди.

Четворката во одбраната е составена од: Езѓан Алиоски, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Висар Муслиу.

На голот ќе биде Столе Димитриевски.

Почетокот на натпреварот од 4. коло во мундијалските квалификации Ј-група, е во 20:45 часот на Арена „Тодор Проески“ во Скопје.  (МИА)