Последниот натпревар од Лигата на нации за оваа сезона, македонската фудбалска репрезентација го игра против Бугарија во Скопје.
Задачата да го суди овој меч ја доби судијата Џулијан Вајнбергер од Австрија. Последен меч од Лигата на нации кој тој го судеше беше дуелот меѓу Грција и Косово. Летово судеше и на две средби од Конференциската лига.
Негови помошници ќе бидат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицбергер и Александер Харкам исто така од Австрија.