вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Позната е причината за труењето на фудбалерите на ФК Пелистер

Позната е причината за труењето на фудбалерите на ФК Пелистер
Фејсбук

Салатата која ја јаделе во велешкиот хотел била причина за саботното труење на фудбалерите на Пелистер.

-Во неа се најдени бактерии од фекално потекло, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна (салати од морков, зелка и цвекло) има присуство на бактерии од фекално потекло – индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес,  велат од АХВ, пренесува 24Вести.

Освен тоа, кај седум вработени во кујната и ресторанот биле пронајдени бактерии во нос и во грло. Сепак, директорот на агенцијата за храна и ветеринарство објаснува дека тоа не е причината за труењето. Тој проблемот го лоцира во бактеријата пронајдена во салатата, која најверојатно не била добро измиена во кујната.

-Во примарното производство, или производството на нива или е наводнувано, така е дојдено до фекално загадување на самата храна. Тоа значи дека во самиот хотел не се доволно измиени салатите кои ги употребувале, а не е од вработените. Заради предострожност, сите се упатени на лекување, изјави за 24вести, Зоран Атанасов од АХВ.

Според лабораторискиот наод, останатата храна која ја јаделе фудбалерите, како кечапот, шпагетите, пилешкиот стек, супата и лебот, била исправна. Не била констатирана нехигиена ниту на работните површини, приборот и опремата во кујната..

Таа е затворена и извршена и е вонредна дезинфекција. Надлежните служби утре ќе извршат повторен увид, а кујната ќе биде пуштена во употреба кога ќе се добие задоволителен лабораториски наод.