Манчестер Јунајтед се огласи за иднината на Ентони во клубот откако девојка го обвини фудбалерот за насилство.
Од клубот информираат дека ги признава обвинувањата на сметка на Ентони.
-Фудбалерите кои не учествуваaт на меѓународни натпревари треба да се вратат на тренинзите во понеделник. Сепак, со Ентони е договорено тој да го одложи враќањето до понатамошно известување за да се реши ситуацијата со обвинувањата.
Како клуб ги осудуваме актите на насилство и злоупотреба. Ја препознаваме важноста од заштита на сите оние кои се вклучени во оваа ситуација и го признаваме влијанието на овие наводи врз преживеаните од злоупотреба, се вели во соопштението на клубот од „Олд Трафорд“.