Африканската фудбалска федерација ја објави финалната листа на 10 играчи кои ќе спорат за наградата „Фудбалер на годината“.
Носителот на наградата ќе стане познат на церемонија во главниот град на Сенегал, Дакар на 8 јануари 2019 година.
Минатата година за најдобар беше избран Мохамед Салах, кој повторно е меѓу претендентите.
Десетте финалисти за наградата „Фудбалер на годината“ на Африка:
Алекс Јубиј – Арсенал (Нигерија)
Андре Онана – Ајакс (Камерун)
Анис Бадри – Есперанс (Тунис)
Денис Онјанго – Мамелади Сандаунс (Уганда)
Меди Бенитја – Јувентус (Мароко)
Мохамед Салах – Ливерпул (Египет)
Пјер-Емерик Обамејанг – Арсенал (Габон)
Ријад Марез – Манчестер Сити (Алжир)
Садио Мане – Ливерпул (Сенегал)
Валид Солиман – Ал Ахли (Египет).
МИА