Лестер ќе игра со Саутемптон, додека Челзи ќе се сретне со Манчестер Сити во полуфиналето од ФА купот.
Ова е резултат на вечерашната ждрепка во ФА со која беа одредени двојките за претпоследната рунда до големиот пехар во најстарото клупско натпреварување.
Саутемптон резервираше полуфинале по победата над Бурнемаут од 3-0, додека Манчестер Сити вчера со 2-0 беше подобар од Евертон.
Челзи денеска го победи Шефилд Јунајтед со 2-0, а Лестер со 3-1 убедливо го порази Манчестер Ј.
Полуфиналните дуели се закажани за на 17 април.