среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати полуфиналистите во Лига Европа и Конференциската лига

Познати полуфиналистите во Лига Европа и Конференциската лига

Германскиот прволигаш Ајнтрахт Франкфурт приреди синоќа сензација на „Камп Ноу“ и со триумф од 3-2 ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на Лига Европа.

Пласман во полуфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување обезбедија и Лајпциг, Вест Хем и Глазгов Ренџерс.

За својата втора европска титула во историјата, по триумфот во поранешниот Куп на УЕФА во 1980 година, фудбалерите на Ајнтрахт во полуфиналето ќе треба да го елиминираат Вест Хем, додека вториот германски претставник, Лајпциг, ќе игра против Глазгов Ренџерс.

Првите полуфинални натпревари се на 28 април, а реваншите во Глазгов и Франкфурт една недела подoцна.

Во полуфиналето, пак, во Конференциската лига ќе играат Лестер – Рома и Олимпик Марсеј – Феенорд (28 април и 5 мај).

Лига Европа – реванш четвртфинале:

Аталанта – Лајпциг 0-2 (1-1 по првиот натпревар)

Барселона – Ајнтрахт Франкфурт 2-3 (1-1)

Лион – Вест Хем 0-3 (1-1)

Глазгов Ренџерс – Брага 3-1 (0-1).

Конференциска лига – реванш четвртфинале:

ПСВ – Лестер 1-2 (0-0)

Рома – Бодо/Глимт 4-0 (1-2)

ПАОК – Марсеј 0-1 (1-2)

Славија Прага – Феенорд 1-3 (3-3).