Организаторите на Африканскиот куп на нации потврдија дека репрезентациите ќе мора да играат натпревари доколку на располагање имаат најмалку единаесет играчи.
Според правилата против коронавирусот, екипите ќе треба да играат доколку имаат најмалку единаесет играчи, а во отсуство на голман, еден играч мора да биде меѓу стативите.
Тимот кој нема барем единаесет играчи на располагање ќе го загуби натпреварот со службени 2-0.
Во Камерун помалку од 3% од 26-те милиони жители се целосно вакцинирани и само мал број навивачи ќе можат да влезат на стадионите. Турнирот започнува утре со натпреварот меѓу домаќинот Камерун и Буркина Фасо од 17:00 часот.