Македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство следната година ќе дебитира против селекцијата на Австрија.
Натпреварот ќе се игра на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18 часот. Македонија ќе биде дел од групата Ц.
Во второто коло Македонија ќе игра со Украина, исто така во Букурешт, додека во третото против селекцијата на Холандија на 21 јуни во Амстердам.
ЕП 2021 ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.