вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати се полуфиналните двојки на ЕУРО 2020 и датумите кога ќе се играат (ВИДЕО)

Познати се полуфиналните двојки на ЕУРО 2020 и датумите кога ќе се играат (ВИДЕО)

По победата на Англија над Украина од 4-0, познат е и последниот патник во полуфиналето од Европското првенство 2020.

Во него Англичаните ќе се сретнат со Данска која славеше над Чешка со 2-1. Овој натпревар ќе биде одигран во среда со почеток од 21 часот на „Вембли“.

Во второто полуфинале силите ќе си ги одмерат ривалите Шпанија и Италија. До „Вембли“ Италијанците стигнаа со победата од 2-1 против Беглија, додека Шпанија по пенали успеа да ја елиминира Швајцарија. Овој натпревар во етерот ќе биде во вторник со почеток од 21 часот.

УЕФА веќе и официјално ги најави решавачките натпревари за пласман во големото финале.