петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати сите учесници на олимпискиот турнир во фудбал

Познати сите учесници на олимпискиот турнир во фудбал

Репрезентациите на Хондурас и Мексико се последните учесници на олимпискиот фудбалски турнир во Токио.

Во полуфиналните натпревари во рамки на квалификациите во Гвадалахара, фудбалерите на Хондурас ја совладаа репрезентацијата на САД со 2:1, додека домаќинот Мексико со 2:0 беше поуспешен од Канада.

Настап на фудбалскиот турнир на претстојните Олимписки игри во Токио претходно обезбедија Јапонија, Франција, Германија, Романија, Шпанија, Нов Зеланд, Египет, Брегот на Слонова коска, Јужна Африка, Австралија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Аргентина и Бразил.

Жрепката за составот на групите ќе се одржи на 21 април во седиштето на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих.