Навивачите на Глазгов Ренџерс се шокирани со информациите кои доаѓаат од Берлин, каде деновиве се игра турнир на легендите, каде учествуваат и нивни поранешни миленици од клубот.
Меѓу нив е и ветеранот Начо Ново, кој доживеал срцев удар на 38 години на самиот турнир за мал фудбал. Тој попладнево завршил во болница, а се уште нема потврда дали работата е сериозна со овој фудбалски ветеран.
За време на кариерата овој играч одигра 255 мечеви за Ренџерс, постигна 73 голови и помогна во освојувањето на три титули во Шкотска, Куп на Шкотска и два Лига купа.