Премиер лигата го објави датумот на одложениот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Средбата ќе се одржи на 13 мај.
Првично натпреварот требаше да се одигра на 2 мај, но беше откажан поради протестите на навивачите на Јунајтед против сопствениците на клубот, семејството Глејзер. За време на акцијата навивачи упаднаа на теренот на „Олд Трафорд“.
Нов датум доби и натпреварот Манчестер јунајтед – Лестер закажан за 12 мај. Средбата ќе се одигра еден ден порано, на 11 мај. (МИА)