четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познато кој број ќе го носи Рамос во ПСЖ

Познато кој број ќе го носи Рамос во ПСЖ

Серхио Рамос денес пристигна во Париз, ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договорот со ПСЖ.

35-годишниот Шпанец потпиша договор со ПСЖ до 2023 година и веќе го избра бројот на дресот.

Француски „РМЦ Спорт“ објави вечерва дека Рамос избрал и број кој ќе го носи во новиот клуб, а тоа е бројот четири.

Рамос денес беше снимен како излегува од канцелариите на ПСЖ и даваше автограми на навивачите на неговиот нов клуб.