четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Пред да умрам, сакам пак да го видам Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон!“

„Пред да умрам, сакам пак да го видам Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон!“

Кристијано Роналдо илјадници пати низ кариерата ја има поенцирано важноста на својата мајка, Долорес Авеиро, во животот и на патот кон фудбалскиот крем, поради што нејзиното мислење многу го цени, поради што многу лесно може да се случи кариерата да ја заврши онаму каде што ја почна – во дресот на Спортинг Лисабон.

Таа поенцира дека ужива да го гледа својот син како настапува за Манчестер Јунајтед, но сака пред да умре пак да го види како игра за матичниот клуб.

-Роналдо мора да се врати во Спортинг, а доколку јас одлучував, тој веќе ќе беше таму. Веќе му кажав дека пред да умрам, сакам уште еднаш да го видам во дресот на Спортинг“. Неговиот одговор беше: “Ќе видиме’. Но ако ова не може да се случи, тогаш неговиот син Кристијанињо нека го облече дресот на Спортинг, изјави Долорес.

Најстариот син на Роналдо, Кристијано јуниор, во моментов е дел од академијата на Манчестер јунајтед, а претходно беше дел од академијата на Јувентус.

-На негови години, игра подобро од Кристијано. Но на тие години, Роналдо немаше тренер, а денеска тој е тренер на својот син. Голем сон ми е да ги видам двајцата заедно во Спортинг, тоа би било спектакуларно, дополни мајката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Роналдо има двогодишен договор со „ѓаволите“ од Манчестер, па дури по неговото завршување би можел да ја исполни желбата на својата мајка.