Српските фудбалери уште еднаш ја одушевија јавноста по синоќешната фантастична победа на гости кај Португалија (2-1) по која се пласираа на Мундијалот во Катар, а денеска дополнително ги освоија срцата не само на домашната туку и на целата српска јавност.
Причина за тоа е одлуката за начинот на кој ќе ја распределат премијата што им ја вети претседателот Александарт Вучиќ во износ од милион евра.
Според српските медиуми, избраниците на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси меѓу себе се договориле парите да ги уплатат на посебна сметка за лечење на децата.