Фудбалската премиерлига и шпанската Ла Лига се двете најдобри во моментов, претходно доминираа Шпанците, па сега полека приматот го преземаат Англичаните.
Во моментот Премиерлигата има дури 61 фудбалер во ова четвртфинале на Еуро 2020, повеќе од трипати во однос на Ла Лига, а скоро двојно повеќе од италијанската Серија А.
Тоа што е најинтересно сите осум четвртфиналисти имаат најмалку по еден фудбалер во Премиерлигата, нормално Англија има најмногу (23 од 26 регистрирани за ЕП).
Севкупно, 61 фудбалер, од кои Шпанија со 10 играчи е втора најбројна земја во Премиерлигата.
Од друга страна, седум од осумте четвртфиналисти имаат фудбалери во Серија А.
Од друга страна, Ла Лига има помалку фудбалери и од украинската лига (18), но сите се репрезентативци на Украина.
Во Ла Лига од 17-те фудбалери, десет се Шпанци, еден е Англичанец, тројца има Белгијци, двајца Данци и еден Чех.