недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Преодниот рок во македонскиот фудбал од 15 јуни до 31 август

Преодниот рок во македонскиот фудбал од 15 јуни до 31 август

Фудбалската федерација на Македонија објави дека согласно Одлуката на У. О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15 јуни и ќе трае до 31 август 2020 година.

Во моментов нема одлука кога ќе почне новата сезона, но ако се подобри ситуацијата со коронавирусот, прволигашите можно е новото првенство да го стартуваат во август.