недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пресврт: Каиседо сака само во Челзи!

Пресврт: Каиседо сака само во Челзи!

Иако беше речиси сигурно дека Мојсес Каиседо ќе се пресели во Ливерпул, напаѓачот на Брајтон сепак сака само во Челзи!

Понудата на Ливерпул очигледно нема да биде прифатена, па сега на потег е клубот од Стемфорд Бриџ.

Каиседо ги известил челниците на Брајтон дека сака да го одржи зборот што му го дал на Челзи уште во мај и дека се согласува само на трансфер во „сините“.

Брајтон за еквадорскиот играч за врска бара над 100 милиони евра, а сега останува да се види дали Челзи ќе ја израмни понудата на Ливерпул која изнесуваше цели 127 милиони.