По две лоши години на „Камп Ноу“, Атлетико Мадрид реши одново да му подаде рака на Антоан Гризман и успеа да го ангажира Французионот во лудите последни минути од летниот преоден рок, во кој на крајот бевме сведоци на „ВАР“ ситуација од страна на Ла Лига која мораше да прегледува дали тројниот трансфер е договорен навреме.
Прегледаната документација покажа дека трите трансфери со домино ефект можат да се реализираат и регистрираат, па така Саул од Атлетико заврши во Челси, Гризман се врати во Мадрид, додека Барселона за нов напаѓач го доби Лук Де Јонг од Севилја.
Енрике Серезо признава дека имало многу нејаснотии и било навистина неизвесно во последните минути од преодниот рок, но сега кога кам-бекот на Гризман е официјален, претседателот на Атлетико му испрати и едно предупредување на напаѓачот за третманот кој може да го добие.
Гризман ги налути фановите на Атлетико за начинот на кој реализираше трансфер во Барса пред две години, па му најави дека може да добие и свирежи на „Ванда Метрополитано“.
– Вистината е дека Антоан си замина на чуден начин, но сега докажа дека лудо посакува да се врати во Атлетико Мадрид. Има фанови на кои не им се допаѓа оваа здлека, но има доста други кои се воодушевени од зделката и јас сум еден од нив.
– Најважен е квалитетот на тимот, а Гризман секако го зголемува квалитетот. Добиваме подобар тим со него. Ќе ги сфатам свирежите кои може да ги добие од фановите, но да почекаме и да видиме што ќе се случи. Пристигнување дојде по еден карамбол во кој беа засегнати три страни и на крајот бевме доволно среќни за да се реализира се и да го добиеме Гризман за одлични услови во наредните две години, – вели Серезо.