Муамед Сејдини е најуспешниот претседател на ФФМ во историјата на фудбалот во Македонија, во негов мандат затоа што македонската фудбалска репрезентација стигна до пласман на Европско првенство.
Заслугата е на фудбалерите, но и за првиот човек на „Куќата на фудбалот“ кој создаде услови, клима и атмосфера со која македонскиот национален тим доби поддршка од сите во државата, пласманот на ЕУРО е заслуга на сите во ФФМ.
Градот Кичево го прогласи Сејдини за личност на годината, зад него стојат резултати во македонскиот фудбал.
„Почестен за почитта и честа добиена од градоначалникот на Кичево, г. Фатмир Дехари, кој ми ја додели наградата „Личност на годината за 2020 година“. Интересно е што без оглед колку човекот оди напред и достигнува разни успеси, кога благодарноста доаѓа од неговиот роден крај, чувството е секогаш посебно. Јас не би бил таму без вашата поддршка и среќен сум што со успесите на најдобар начин го претставуваме нашето сакано Кичево. Посакувам во иднина заедно да славиме многу други достигнувања. Ви благодарам“ – напиша Сејдини на социјалните мрежи.