Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини влезе во комисијата за национални асоцијации на Европската фудбалска унија (УЕФА), каде што од пред некој ден потпретседател е првиот човек на српскиот фудбал Славиша Кокеза.
Комисијата за национални федерации на УЕФА е тело кое ги регулира односите меѓу 55-те членки на европската центала со Нион, седиштето на европската организација, ама оваа комисија има и најмногу пари со оглед дека е директно инволвирана во рамномерната распределба на пари за функционирање и проекти во фудбалот, кои секоја година на секоја членка ѝ следуваат од Нион.
Претседател на оваа комисија е Сервет Јердимчи, претседателот на турската федерација, а во комисијата има 15 членови и четворица потпретседатели и сите тие се всушност раководните луѓе на федерациите од земјите од каде што доаѓаат.