четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси

Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси

Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал-Келаифи му одговори на Лионел Меси на тврдењето дека не добил респект како освојувач на Мундијалот.

Меси нагласи дека бил единствениот светски шампион на Аргентина кој не добил призание од својот клуб, а на тоа веднаш одговори претседателот на ПСЖ.

„Како што сите можеа да видат, бидејќи клубот дури објави видео, прославивме со Меси на тренинг, а потоа прославивме и со него приватно. Но, со целосен респект кон него, ние сме француски клуб. Секако беше незгодно да се прослви на стадионот. Мораме да ја почитуваме нацијата која ја порази, неговите соиграчи од француската репрезентација, и секако, нашите навивачи“, изјави Ал-Келаифи.