Новинарот и пријател на Кристијано Роналдо, Пирс Морган кој е во честа комуникација со Португалецот, вели дека не се точни информациите на „Марка“ дека тој потпишал за Ал Наср од Саудиска Арабија.
Пирс Морган е човекот кој му го правеше мега интервјуто на Кристијано Роналдо, па веројатно тој е најинформиран кога станува збор за иднината на португалскиот фудбалер.
Тој ја ретвитна информацијата која вели дека Роналдо ќе игра за Ал Наср од јануари и напиша дека тоа не е точно.
Again, not true. https://t.co/bWeLo4IUvp
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 5, 2022