Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето открил детали од својот живот со кои ја воодушеви јавноста.
Приказната која целиот свет го остави без здив се случила пред 11 години, кога едно младо момче влетало во неговиот автомобил и побарал од него 3500 евра да ги оствари своите соништа.
Таа 2007-ма година Ето беше на врвот на својата кариера во Барселона и со сопругата побегнал во “топлите” краишта, далеку од очите на јавноста.
Меѓутоа, сепак некој го препознал. Младото момче кое знаело дека се работи за познатиот фудбалер, кога го здогледал, влетал во неговиот автомобил.
“Не сакам да ве нападнам. Сослушајте ме ве молам, а потоа слободно повикајте полиција поради провалување во вашиот автомобил”, љубезно изговорило момчето, додека Ето одлучил да му пружи шанса и да го сослуша.
Момчето по занимање било собар, кој имал сон, но не и пари да го оствари тоа што го замислил. Кога го здогледал Камерунецот дошол до идеја да позајми пари од него.
“Земи го овој чек од 3500 евра, дај ми го твојот број и земи го мојот. Ќе се вратам за една година и ако успееш да ги дуплираш парите, тогаш навистина ќе ти помогнам”, му рекол познатиот фудбалер.
Eто рекол дека момчето излегло од автомобилот целосно мотивирано, и дека ги остварил своите планови.
“Ветувањето беше исполнето, после година дена се вратив на местото каде го запознав. Taму стоеше истото момче кое ми се пофали дека ги остварил своите планови. Отворил компјутерска работилница и купил две такси возила”.
Eто бил горд на младото момче кое со само 3500 евра успеало да ги оствари соништата и да вработи дури 25 луѓе.
“Тој ме воодушеви со својот пристап, ниту еден момент не се двоумев дали да му помогнам”, признал Ето.