петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пристигнувањето на Жоао Феликс во Челси може да биде добра вест за Арсенал

Пристигнувањето на Жоао Феликс во Челси може да биде добра вест за Арсенал

Наскоро се очекува да биде комплетирана позајмицата на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид во Челси, а тоа може да го намали интересот на сините за купување на Мудрик од Шахтар.

Михаило Мудрик веќе долго време е цел број еден на Арсенал, но во трката се вклучи и Челси по што дополнително се зголеми цената на фудбалерот.

Челси е во завршни преговори со Атлетико Мадрид за ангажман на Жоао Феликс кој на Стемфорд Бриџ ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

Се претпоставува дека доколку Челси го добие Феликс, ќе го олабави интересот за Мудрик што му одговара на Арсенал.

Претставници на Арсенал и синоќа имале средба со луѓето од Шахтар на кои се дискутирало за Мудрик, но преговорите се уште не се во некоја завршна фаза.