четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Приведен претседателот на Бенфика и уште 3 лица- еве за што се сомничат

Приведен претседателот на Бенфика и уште 3 лица- еве за што се сомничат

Претседателот на португалскиот фудбалски гигант Бенфика, Луис Фелипе Виеира, е приведен денеска поради сомнение за измама и затајување данок, јавија локалните медиуми.

Извршени се вкупно 45 претреси на повеќе локации во Лисабон и Брага, а „уапсени се четири лица, меѓу кои двајца бизнисмени, спортски менаџер и претседателот на клуб“, соопшти Обвинителството, без да го именува челникот на Бенфика.

Обвинителството посочи дека истражува „факти што се случиле од 2014 година до денес, а се однесуваат на повеќе кривични дела за измама, фалсификување, перење пари и затајување данок“.

Луис Фелипе Виеира (72) е на чело на чело на Бенфика од 2003 година.