Кинеските власти денеска го приведоа претседателот на националната Суперлига во фудбал Лиу Јун поради истрага.
Во извештајот за приведувањето не се наведени повеќе детали, а Фудбалската федерација на Кина (ЦФА) не го коментираше случајот.
Лиу претходно беше претседател на фудбалскиот клуб Жиангсу Сунинг, кој во меѓувреме згасна, и беше именуван за извршен директор на италијанската Серија А од страна на милански Интер во 2016 година, набрзо откако тој клуб го купи кинесаката групација Сунинг Холдингс.
Неговото апсење доаѓа шест месеци откако претседателот на ЦФА, Чен Ксујуан беше ставен под истрага поради сомневање за сериозно кршење на дисциплината и законите по антикорупциска истрага во кинескиот фудбал.