Управата на Барселона се соочува со нов проблем, дел од првотимците не сакаат да прифатат намалување на платата.
„ЕСПН“, пренесува дека директорот на Барса, Матеу Алемани разговарал со агентите на Серги Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто за да преговараат за намалување на платата, но играчите не се согласиле на ваков чекор.
Бускетс заработува околу 16 милиони евра годишно, Алба околу 13 милиони, додека Роберот околу 10,5 милиони.
Каталонскиот клуб се обидува да се вклопи во лимитот на платите за запазување на финансискиот фер-плеј. Поради ова „калатонците“ калкулираат со регистрирањето на Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија во тимот.