среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Благоја Милевски, се повреди Адис Јаховиќ

Проблеми за Благоја Милевски, се повреди Адис Јаховиќ

Проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на двата многу важни квалификациски меча за пласман на СП во Катар против Ерменија и Исланд.

Напаѓачот Адис Јаховиќ се повреди, па неговиот настап на овие два квалификациски меча е под знак прашалник.

Јаховиќ одигра само 16 минути на мечот против Коњаспор во мечот од турската лига.Засега не е познато дали Јаховиќ ќе биде дел од овие натпревари на Македонија, и дали селекторот Благоја Милевски ќе повика друг напаѓач.