Европското фудбалско првенство ќе биде последно големо натпреварување за Јоаким Лев како селектор на германската репрезентација. Пред стартот на ЕУРО 2020 Лев се соочува со проблеми.
Според германски „Билд“, репрезентативците не се воодушевени од тактиката на својот предводник. Ова посебно се однесува на формацијата 3-5-2. Најголем бунт доаѓал од фудбалерите на Баерн, кои се навикнати да играат на систем со четири играчи во задната линија, а водно имало револт ид о фудбалерите кои настапуваат во Челзи кои не сакаат да бидат дел од клупата за резервни играчи.
Германија е еден од домаќините на ова првенство и ќе игра во Минхен и ќе играат против Франција, Португалија и Унгарија.