Фудбалеротна Јувентус кој во младинските конкуренции настапуваше за Македонија, но се предомисли и го облече дресот на Шведска на сениорски план, Дејан Кулушевски е позитивен на последното тестирање на Ковид-19.
Ова е голем проблем за селекцијата на Шведска на неполна седмица пред првиот меч на претстојното Европско првенство, но од таборот на таа селекција наведоа дека нема да биде повикана замена за фудбалерот од средниот ред.
Сигурно дека во составот на Шведска ќе претстојат и нови тестирања на коронавирусот по случајот со Кулушевски, а како за потсетување, поради повреда вон комбинација на европскиот турнир е повратникот Златан Ибрахимовиќ.