ФK Шкендија од Тетово преку својата веб-страницата соопшти дека во клубот е извршена структурна промена во раководството, а внатрешната реорганизација е со цел да се постигнат целите за наредниот период. Нов претседател на клубот ќе биде Замир Дика, универзитетски професор и поранешен ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-Новиот спортски директор е Харун Иса, познато фудбалско име во земјава и странство, поранешен фудбалер со богата интернационална кариера. Соработници на Харун Иса во спортското одделение ќе бидат поранешните фудбалери на Шкендија, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи, информираа од клубот.
Поставени се и нови луѓе во администрацијата на клубот. Финансиско-административниот одделе ќе го води Лулзим Имери, Дритан Муслиу ќе биде задолжен со организација на логистичкиот дел, додека организациски секретар и одговорен за административните прашања на фудбалерите ќе биде Ерблир Лума. (МИА)